Вести Македонија

Кој е уапсениот за заканите со бомби во скопските гимназии- млад конзервативец чии соработници тврдат дека е невин

Младиот Никола Николовски од Млади конзервативци е уапсениот поради сомнежи дека е поврзан со лажните бомбашки закани за скопските средни училишта. Но неговите соработници од сајтот conservative.mk тврдат дека Николоски е невин и приведен поради  неспособноста на МВР да ги открие вистинските сторители.

-Како во најцрните денови од комунизмот со над 10 службеници е приведен повеќе од 4 часа, поради сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училиштата во Скопје. ОДГОВОРНО ТВРДИМЕ И ДЕМАНТИРАМЕ ДЕКА НАШИОТ ЧЛЕН НИКОЛА ИМА БИЛО КАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ОВИЕ НАСТАНИ, соопштија од conservative.mk преку својата ФБ страна.

Иницијалите на Николоски се најдоа во денешното соопштение на МВР по последната закана за поставена бомба во 9 училишта во Скопје. Други детали не беа посочени од полицијата.

За Николовски на сајтот на conservative.mk стои дека е уредник на сајтот и член на млади конзервативци. Објавена е фотографија од негово присуство во Европскиот парламент.

Уапсениот имал и фирма за е-трговија и продажба преку интернет. Претходно пишувал  коментари, извештаи и конзервативни колумни во повеќе портали. Николовски ги уредува и профилите “Боемот” на Твитер и Инстаграм.

-Никола е пред се’ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент, напишаа неговите колеги-конзерватвци и апсењето го оценија како “класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците”.

Додаваат и дека “вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани.”

На веб сајтот на организацијата стои дека “CONSERVATIVE.mk претставува платформа и движење базирано примарно на Идеолошки и аналитички центар која во себе спојува граѓански активисти чии примарни заложби се демократија, слободен пазар, здрава животна средина, како и активисти чија примарна идеологија е конзерватизмот и класичниот либерализам како десно или центар-десни ориентации.”

Заканите според првичните информации беа од ИП адреси во Швајцарија и Австрија, а првиот мејл од кој беа пратени заканите носеше име новаерамк. Иако странски ИП адреси за кои е користено  “прикривање” со ВПН, истрагата се насочи на домашен терен бидејќи првичните сознанија говореле дека заканите се од Македонија.

Првата закана беше минатата среда и оттогаш секој ден помеѓу 12 и 14 часот попладне се пуштаат закани преку службените електронски адреси.

Првата закана завршуваше со “Сите ќе умрете”, а противтерористичките претраги покажаа дека досњгашните закани се лажни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Боцевски во „Топ тема“: Пендаровски зборува како кандидат за премиер, го мобилизира членството на СДСМ и го глуми Зоран Милановиќ

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Сефери во „Топ тема“: Проевропски наратив кај партиите од власта наспроти етноцентричен кај опозицијата, мислам дека Таравари и Османи се свесни дека не можат во втор круг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе