Вести Македонија Најважни

Во Благоевград транспаренти „Македонија е бугарска“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој е познат по провокациите и навредите кон Македонија, вчера побара од жителите на Благоевград да излезат на протест поради отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

Џамбаски, кој е потпретседател на партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, на Фејсбук објави фотографии од надвозници во близина на Благоевград, на кои неговите активисти поставиле транспаренти со натпис „Македонија е бугарска“.

  • Станува збор за тешка провокација организирана од Скопје, бидејќи тие страшно згрешија додека ги напаѓаа бугарските клубови во Битола и Охрид. Протестираме против собирот на активни македонски политичари со сепаратистите во Бугарија. Луѓето кои стојат зад овој клуб велат дека Бугарија е окупатор во Пиринска Македонија, дека Благоевград е македонски, изјави Ангел Џамбаски по повод отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Според Џамбазки, „државата С. Македонија и лидерот на нејзината опозиција ги поддржуваат сепаратистите“.

 

  • Ова е апсолутно кршење на Договорот за добрососедство и секоја форма на добрососедство и добри односи меѓу земјите“, додаде тој.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе