Вести Македонија Најважни

Провокации при отворањето на македонскиот клуб во Благоевград

Со полициско обезбедување, во Благоевград се отвори македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ кој според организаторите треба да ги надмине разликите, а не да ја зголемува омразата меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Побараа можност да се самоопределуваат како Македонци во Бугарија и за тоа да не трпат навреди.

Но, вербален инцидент се случи денеска во Благоевград меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носеше звучник од кој одекнуваа патриотски песни.

Инцидентот се случи по отворањето на клубот кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев.

Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнаа да извикуваат „Македонија, Македонија“.

Денешното отворање на клубот се одржува со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе