Вести Најважни Свет

Најмалку 120 загинати во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките

Најмалку 120 луѓе ги загубија животите и над 100 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Службата соопшти дека 142 амбулантни и противпожарни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти.

Властите стравуваат дека бројот на жртви дополнително ќе расте.

Трагичниот настан се случил во населбата Итајвон, популарен дел од градот за ноќен живот. До несреќата дошло откако повеќе луѓе паднале во тесна уличка, при што многумина биле згмечени.

Според непотврдени информации имало најмалку 100.000 посетители, кои дошле да ја прослават Ноќта на вештерките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе