Вести Македонија Најважни

Алтернатива со ново барање за уставни измени

Се множат барањата за уставни измени. Алтернатива смета дека е потребен уставен механизам за заштита од збогатување преку политика. Партијата предлага амандман кој нема да им дозволи на сегашните и на поранешните функционери да се извлечат од одговорност за злоупотреба на службената должност и противзаконска имотна корист – со застарување на делото. Бараат и ревизија на поранешните дела и конфискација, како и паралелно менување на Кривичниот законик.

Од денеска, Алтернатива почнува со консултации со другите партии, вклучувајќи ги и владеачките. Се согласуваат со БЕСА и Алтернатива за внесување на албанскиот јазик наместо, како што велат, „непристојната квалификација од 20 отсто“, а за сѐ друго се подготвени да разговараат, но не и да условуваат.

Дебатата за отварање на Уставот тргна од барањето на нашиот сосед за внесување на Бугарите во преамбулата, потоа Владата се согласи да се додадат уште неколку етнички заедници.  Алијанса и Беса побараа бришење на изразот „јазик што го говорат 20 одсто од граѓаните“ и именување со албански јазик. ВМРО-ДПМНЕ возврати со исфрлање на принципите за гласање со Бадинтер и вработување со Балансер. Последниот предлог доаѓа од Алтернатива, со желба сите уставни измени да бидат гласани со консензус.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе