Вести Македонија Најважни

Граѓаните со поплаки – различни цени на рафт и каса и расипани производи поради исклучени фрижидери

Различна цена на рафт и на каса и расипани производи, бидејќи не е запазен ладниот ланец, односно фрижидерите или се исклучени или работат на минимум. Ова се најчестите поплаки кои граѓаните ги поднеле во Организацијата на потрошувачи. Оттаму апелираат до трговците да бидат свесни и совесни, бидејќи во екот на енергетско економската криза, граѓаните внимаваат на секој денар.

За зачестената појава на расипани производи информирани се и инспекциските служби кои според Маријана Лончар Велковa, претседателка на Организацијата на потрошувачи, вршат поголем број контроли и утврдиле неправилност.

Од Организацијата на потрошувачи го поздравија чекорот на Владата за субвенционирање на цената на струјата која ќе ја плаќаат производителите на основните прехранбени продукти и се надеваат дека како што беше најавено цените ќе паднат за 10 отсто што ќе влијае врз семејниот Буџет. Доколку тоа не се случи бараат од Министерството за економија да ги замрзне крајните цени.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера соопшти дека компаниите производители на основните прехранбени продукти ќе одат под капата на ЕСМ продажба и ќе добиваат струја по цена од околу 100 евра за мегават час што е двојно поевтино од онаа која е на отворениот пазар. Станува збор за компаниите кои произведуваат млеко и млечи производи, пекарско мелничката индустрија и компаниите кои се бават со производство на масло и масти, а дополнително се разгледува да се вклучат и компаниите од месната индустрија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе