Членовите на Советот на јавни обвинители не дадоа поддршка на ниту еден од кандидатите за нови Јавни обвинители во обвинителството за организиран криминал и корупција.
Двајца обвинители добија мнозинство гласови но не ја добија потребната поддршка на гласањето кое се одвива според бадинтер.
Денешното гласање се случи по три одлагања во кои членовите бараа дополнително време за да изградат став околу профилот на кандидатите.
Кандидати беа Милица Гаврилова и Маја Коневска од обвинотелството за гонење организиран криминал, Елизабета Јосифовска од поранешното СЈО, Арсим Адеми од ОЈО Гевгелија познат по сообраќајката со Кичеец, Верица Бержетска Крстевска од ОЈО Скопје и Златко Биковски од ОЈО Берово.
