Вести Македонија Најважни

Касами: Движењето Беса ќе бара да се тргне и одредницата 20 отсто за албанскиот јазик

Политичкиот дискурс околу уставните измени треба да се одвива за тргнување на одредницата 20 отсто за употребата на албанскиот јазик, но не и за промени околу употребата на Бадентеровото мнозинство и балансерот за вработувања, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Движење Беса, Биљал Касами и градоначалник на Тетово.

Според него, не се работи за две исти работи, 20 отсто, вели тој, е дефиниција за јазикот за тие кои се над 20 отсто.

– И со последниот попис се докажа дека повеќе од 20 посто се Албанците во Македонија и нема некој друг народ кој е блиску до 19, па да чекаме дали ќе исполни тој услов. Што се однесува до другите механизами за поддршка на немнозинските заедници, мислам дека тоа е во делот на регулирањето на државата. Така да мислам дека не е време за отворање на такви теми кои сигурно доколку би се отвориле, би биле во правец на подобрување на позицијата на немнозинските заедници. Меѓународното и европското право не познава можност со демократски механизми да се уназада правата на немнозинските заедници. Сме подготвени да разговараме и за таа тема, но во правец на подобрување на правата на сите етничките заедници во Македонија, освен македонската етничка заедница која ја има државотворноста и сите права, истакна Биљал Касами.

Тој вели дека како Движење Беса имаат редовни консултации со меѓународните партнери, а партијата ги поддржува сите активности за уставните измени и забрзување на интеграцискиот пат на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе