Вести Македонија Најважни

Фон дер Лајен најави 80 милиони евра грант за Македонија како итна помош за справување со енергетската криза

Подготвивме пакет со поддршка за целиот Западен Балкан за справување со енергетската криза, соопшти на вечерашната прес конференција Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Започнува со грантови. 80 милиони грантови за Северна Македонија, како итна буџетска поддршка. Тоа ќе помогне во справувањето со високата цена на енергенсите за вашите граѓани и компании. Ова ќе го финализираме до крајот на годината, за вие да ги добиете средствата веќе во јануари. Секако, ќе дојдат и повеќе средства. На пример, има 500 милиони грантови за целиот регион за инвестирање во тоа што е неопходно сега за да ја добиеме својата независност. За инвестирање во енергетска поврзаност, за инвестирање во енергетската ефикасност и секако за инвестирање во обновливата енергија.“ – изјави Фон дер Лајен на заедничката прес конференција со македонскиот премиер Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе