Вести Македонија Најважни

Седници на неколку собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за надворешни работи и за труд и социјална политика, како и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на Законот за угостителската дејност и на Законот за енергетска ефикасност, двата по скратена постапка, како и
Предлог на закон за изменување на законот за јавните претпријатија и Предлог на закон за дополнување на Законот за возила.

Членовите на Комисијата за надворешна политика треба да го разгледаат Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во областа на дијаспората.

Пред Комисијата а труд и социјална политика се измените на Законот за заштита на децата и
на Законот за заштита на децата, измените и дополнувањата на законот за социјалната заштита, сите по скратена постапка, како и измените на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и измените и дополнувањата на Законот за семејство. Членовите на оваа комисијата треба да ги разгледаат и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2021 година и Финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2021 година.

На Законодавно – правната комисија на дневен ред се повеќе законски текстови

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе