Вести Македонија Најважни

Владини функционери кријат имот тежок 30 милиони евра, обвинува ВМРО – ДПМНЕ

Станови, куќи, деловни простори, викендици, удели во фирми и депозити кои тежат 30 милиони евра а кои не се пријавени во Антикорупциската комисијаоткрила опозициската ВМНРО – ДПМНЕ кај вкушно 123 актуелни функционери. Станува збор за лица од СДСМ и ДУИ коио се именувани од Владата на функции како претседатели на Комисии, директори, раководни луѓе на државни институции.

Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити. Сметаме дека се работи за ново злосторничко здружување и организирано криење на имоти, соопшти Бране Петрушевски, пратеник ВМРО – ДПМНЕ.

Од партијата дадоа рок од 24 часа функционерите сами до го пријават имотот и институциите на системот  да реагираат и интервенираат или во спротивно самите ќе ги објават со име и презиме. Очекуваат проверка на потеклото на имотот на овие функционеи и одговорност која ја предвидуваат законските норми поради прикривање

ВМРО-ДПМНЕ направи длабинска анализа и ги имаме сите со име и презиме. Во рок од 24 часа ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да ги објавува точните податоци со имиња и презимиња.Откако ќе ги објавиме ќе побараме и проверка на потеклото на имот, зошто тајниот имот е таен поради одредени причини, а најголемата е дека истиот би можел да е нелегално стекнат, вели Петрушевски.

Токму законот за потекло на имот како и софтверот за електорнско поврзување со сите државни институции е она кое што го бара Антикорупциската комисија за да може да има далеку поголем капацитет при проверките на имотот. Оттаму додаваат дека функционерите се должни сами да ги пријват промените во имотната состојба а тие пак вршат проверки согласно годишен план, дојави, допрен глас и конкретни пријави.

Функционерите по закон само го пополнуваат анкетниот лист и го доставуваат до ДКСК. Улогата на ДКСК е да провери дали податоците во анкетниот лист се соодветни со оние во институциите како Катастар, УЈП, Централен регистар, МВР. Во конкретниот случај дали тие ги имаат внесено информациите во анкетниот лист или ако не ги внеле дали се на нивно име во Катастарот. Ако не се на нивно име во Катастарот а се нивни имоти на чие име се тогаш тие имот. Затоа ја потенцирам улогата и важноста кончено да се донесе Законто за потекло на имот, вели Билјана Ивановска од ДКСК.

Според законот казната доколку функционер не пријави имот кој го поседува изнесува 300 евра но доколку ги плати во рок од 7 дена криењето на имотот ќе го чини 150 евра.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе