Вести Македонија Најважни

Мицкоски: Гаранции од ЕУ, па гласање за измена на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека уставни измени и менување на Преамбулата со внесување на Бугарите нема да има сè додека од Европската Унија (ЕУ) нема цврста гаранција дека тоа ќе биде последно барање и нема да има кочење или блокада на пристапниот процес и преговорите. Пратениците од оваа партија, без кои го нема потребното двотретинско мнозинство, нема да гласаат за измени под околностите во кои се наоѓа државата сега, а кои претседателот Мицкоски ги окарактеризира како диктат и ултиматум. Според него, потезите на официјална Софија укажуваат на тоа како ќе тече преговарачкиот процес, бидејќи во ниту еден момнт досега не се разговарало за развој туку за обиди за негација и асимилација.

Понудата на Алијанса, пратеници во замена за изедначување на македонскиот и албанскиот јазик, ја оцени како неевропска и неприпинциелна.

Мицкоски, односно ВМРО-ДПМНЕ, се подготвени да седнат и да разговараат, но не само за јазиците, туку и за нормите како Бадинтер и Балансер, за кои смета дека се надминати, непотребни, фаворизираат квоти пред квалитет и затоа мора да се укинат.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој во моментот ја извршува и функцијата лидер на партијата Алијанса за Албанците, најави дека партијата идната недела пред дипломатитте и домашната јавноста ќе ги презентира барањата и предлозите меѓу кои е изедначување на јазиците, како услов да се даде поддршка за уставните измени, односно внесување на Бугарите во Преамбулата. Од партијата ги оценија како шпекулации инофрмациите дека имаат понуда да влезат во владеачката коалиција.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе