Вести Најважни Свет

Џорџа Мелони положи заклетва како прва италијанска премиерка

Крајно десничарската политичарка Џорџа Мелони, членка на партијата „Браќа на Италија“, претпладнево положи заклетва пред претседателот Серџо Матарела и стана првата жена премиерка во историјата на Италија.

По минатомесечните избори, со државата ќе управува коалиција која ги вклучува крајно десната партија Лига и партијата на десниот центар „Напред Италија“.

Вршителот на должноста премиер, Марио Драги би требало да ја предаде власта на Мелони во палатата Чиги, службена резиденција на италијанскиот премиер, утре за кога се очекува и првиот состанокт на владата и советот на министри.

За потврда на владата на 45-годишната Мелони е потребно гласање во двата дома на парламентот, што според добро упатените, би можело да се случи во текот на наредната недела.

Десничарската коалиција освои најголем број на гласови на изборите во септември, обезбедувајќи апсолутно мнозинство во парламентот, поради што не се очекуваат пречки при гласањето за доверба на владата на Мелони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе