Вести Македонија Најважни

МНР со вербална нота реагира на изјавата на Костадин Костадинов од „Преродба“

Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до бугарското Министерство за надворешни работи, по повод изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба“ Костадин  Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Бугарија. Во нотата, како што наведуваат од МНР, се изразува крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно се изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија.

– Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи, се вели во соопштението од македонското МНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе