win-win Емисии Топ вести

Пановска Димкова во „Win-Win“: Интересот за студирање на мајчин јазик опаѓа секаде во светот

Интерсот за студирање на мајчин јазик бележи тренд на опаѓање насекаде во светот, нагласи Искра Пановска Димкова, раководителка на катедрата по македонски јазик при Универзитетот „Свети Кирил и Метродиј“ во Скопје. во вечерашното издание на „Win-Win“ на Телма ТВ. Намалениот број на запишани студенти по македонски јазик, според неа, конкретно, се должи на отворањето на државните универзитети (сите четири имаат катедри по македонски јазик), но и на ограничените можности за вработување по завршување на студиите.

„Лани имавме 22 запишани студенти, оваа година девет. Но, поголемиот број лани се должи на засилениот маркетинг, бидејќи беше година на Блаже Конески. Малиот број на запишани студенти се должи и на ограничениот број на места за вработување. И средношколците знаат дека пазарот на труд нема недостаток од професори по македонски јазик и затоа е намален интересот за запишување“, вели Пановска Димковска.

Таа нагласи дека македонскиот јазик не може да се идентификува со другите студиуми на пазарот за што како пример ги посочи студиите по италијански јазик.

„Тоа не е исто како катедрата по македонски јазик, затоа што оваа катедра, покрај тоа што изучува јазик, доаѓа со нешто плус, а тоа е националното. Ако сте запишале македонски јазик, завршувате со вас дека ќе студирате само јазик. Вие ја носите одговорноста за одбрана на тој јазик, за негова заштита, на постојана свест дека тој јазик е основата на нашиот национален идентитет“, порача Пановска Димкова.

Изјавата на Искра Пановска Димкова може да ја слушнете во видеото на 10:15 минути. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето

Дејан Дејан

Една година од масакрот во „Рибникар“, колони луѓе им оддадоа почит на жртвите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе