Вести Македонија Најважни

Вработените во ЈСП не добија плата – Скопје утре без градски превоз

Ова е емотивната реакција на претседателот на Независниот синдикат на возачи на ЈСП, откако советниците на Град Скопје, на вонредната седница повеќе часови се препукуваа кој е поголем криминалец, отколку да одлучат за пренамена на средства од буџетот на Град Скопје за функционирање на ЈСП и за плати на вработените во претпријатието што не им се иплатени за септември.

Автобусите на ЈСП од утре наутро нема да возат, револтиран и со солзи во очите кажа претседателот на ССМ-ЈСП.

Седницата на Град Скопје се одржа по предлог – иницијативата на советните од ВМРО-ДПМНЕ за пренамена на сретства од буџетот на Град Скопје за функционирање на ЈСП.

Но, и да биде  изгласана иницијативата до вечер, потребна е предлог одлука за пренамена на средствата, која повторно треба да се гласа на Совет на Град Скопје.

Против оваа законска формалност, реагираше синдикалниот лидер на ССМ.

Марија Андоновска од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ каже дека се подготвени да се откажат од понатамошните дискусии, да се даде пауза и да се побара од градоначалничката Арсовска да им ја достави одлуката за пренамена на средства од буџетот за да ја изгласаат, за вечерва да се префрлат пари на ЈСП.

Но, и беше возвратено дека се работи за популизам, зашто ако се сакало тоа да се постигне ќе се разговарало од која ставка да се повлечат пари. Андоновска отфрли можност за откажување од паушалите .

Од утрово протести одржаа и трите репрезентативни синдикатите во ЈСП, а се протестираше и пред Владата, која според секретарот на Град Скопје им должи околу 2 милиони евра.

Според Глигоров, автобускиот превоз ќе функцинира и покрај притисоците.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе