Вести Македонија Најважни

ЕСМ се уште чека понуди за да го набави гасот – дали ќе се грееме на мазут или на дизел ќе знаеме до крајот на неделата

До сега доставена само една понуда до ЕСМ за набавка на гас.

Оваа недела е клучна за тоа дали  по која цена и од каде би се обезбедил овој енергенс за испорака на топлинска енергија од први ноември.

Првиот човек на електрани, Ковачевски се надева дека ќе се најдат доволни количини за да може освен сите топлани и ТЕТО  конечно да почне со работа. Во моментов,  гас за испорака на топлинска енергија има до крајот на месецов.

Она што  со сигурност се знае  е дека  нема понуда од компаниите кои како предлог ги препорача лидерот на опозицијата Мицкоски.

ПЕГЕО е името  на швајцарската фирма со која дел од владиниот тим беше на преговори во Србија, а која денеска ја соопшти Владата.

Но, по средбата во Белград, до сега од оваа компанија нема  понуда ниту за цена, ниту дали се во можност да ги испорачаат потребните 230 милиони тони кубни метри гас.

Се уште нема понуда ниту од препорачаните компании за испорака на мазут. Во моментов одредени колични од овој  енергенс се добиваат од Албанија, но и од Грција.

Ковачевски уверува и дека на депонијата  во РЕК Битола  има јаглен за 20 до 30 дена , ако евентуално дојде до некокви проблеми или било каков застој во  ископот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе