ВМРО ДПМНЕ е подготвено за дискусија околу нивниот предлог на законот за здруженија и фондации кои го доставија со цел да се реши законската празнина низ која се протнаа бугарски клубови со имиња на соработници на фашизмот и други контравезни личности. Ова следува откако пратениците од владеачкото мнозинство најавија можна поддршка на законот а вчера и премиерот Ковечвски ги повика пратнеиците од сдсм да учествувват во расправата на комисијата.
Јас до сега не сум слушнал ниту една забелешка од СДСМ и од владата на текстот на законот ако достават подготвени сме да разговараме но суштината е дан е ни се случува тоа што се случува денеска да се формираат здруженија кои се со цел асимилација и промоција на фашизмот и нацизмот кои што мк народ со останатите граѓани во втора светска војна го порази тука пред се мислам на бугарскиот фашистички окупатор, вели претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски вели дека се уште не е договрена средба на која ќе се дискутира за забелешките и поддршката за нивниот предлог закон, но според информациите на Телма планирано е утре во собранието пратениците од власта и опозицијата да се координираат околу предлогот на ВМРО ДПМНЕ за конечната верзија во која би бил изгласан. Претставник на средбата ќе има и од министерството за правда.
Според информациите на Телма предлог законот на ВМРО ДПМНЕ предвидува и решение за веќе формираните и одобрени здруженија со спорни имиња. Со преодните и завршни одреби на предлог законот се остава простор од три месеци, сите здруежнија и фондации да го услогласат името целите и дејностите. Оние кои во тој рок нема да постапат, престануваат по сила на закон и се бришат од регистарот, по донесена одлука од страна на министерот за правда, а врз основа на препорака на комисијата.
И правниците предлагаат ретроактивност во законот како решение за проблемот со имињата на актуелните здруженија.
-Јас би оставил дополнителен рок сите здруженија и фондации основани во Македонија да ги усогласат своите називи со новит закон. Тоа значи ние така ќе одиме на ретроактивено важење на одредбите но тоа во случајот оправдано. Гледаме дека деновиве меѓународни организации укажуваат дека здруженија со такви имиња асоцираат на поддршка на фашизмот што во Европа е забрането. Во многу држави во Европа имаат порестриктивни закони, вели адвокатот Валентин Пепељугов.
Пепељуговски смета дека нашиот закон за здруженија и фондации е многу либерален и препорачува дека треба да бидеме во чекор со пресудите на европскиот суд за човекови права но и да се следи принципот на реципроцитет.
Паралалено и министерстовто за правда подготвува измени на законот за здруженија кој е во почетна фаза и до крајот на месецот треба да биде објавен на електронскиот регистар за прописи за да можат сите заинтересирани да дадат свои забелешеки. Со оваа процедура се предвидуваат измени и во другите одредби на законото не само за имињата.
Елена Ивановска Мукоска
