Вести Македонија Најважни

ДУИ избра нови партиски тела, Груби повеќе не е организационен секретар

Кратко како едно фудбалско полувреме, но добро подготвено. Донесе малку чад, а не остана ниту искра од огнот на бунтовниците. Централниот Совет на ДУИ помина мазно, а резултатот беше во корист на таканаречената огнена група која ги освои главните места во партиската хиерархија. Изет Меџити ќе биде потпретседател на ДУИ заедно со Арбр Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Муса Џафери ќе биде шеф на надзорното партиско тело. Блерим Беџети ќе биде организационен секретар на партијата. За генерален секретар е и избран Фатон Асани. По советот, огнените во група го напуштија објектот каде се држеше состанокот, а некои од членовите на ДУИ славенички правеа селфи со широките насмевки на победниците. Бујар Османи од улога на партиски портпарол оцени дека претходните средби дале резултат за брз, демократски и транспарентен партиски совет.

Советот беше отворен за медиуми, Али Ахмети на повисоко и сам го водеше состанокот. Беше воведничар, прозиваше, предлагаше, водеше записник, штиклираше на списокот.

Го гледаа, во прв ред од лево беа министрите и пратеници. Од десно беа градоначалници и огнените. Меѓу Артан Груби кој беше цел на нападите на огнените и Изет Меџити кој ја водеше групата контра вицепремиерот, тампон зона беше струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Никој не посака да дебатира освен спикерот Талат Џафери кој бараше партиски потпретседател од родниот Гостивар. По непријатната вербална размена со повратникот Муса Џафери, предлогот не му помина, а спикерот го напушти состанокот.

Џафери функционерски е член на централното претседателство на ДУИ, во кое има 33 члена, а по функција се назначени сите министри, меѓу нив и вицепремиерот Артан Груби кој веќе не е организациски секретар на партијата.

Претходно кога за партиската судбина на Груби, Телма го праша министерот за економија, Бектеши нервозен ги измеша политиката и бизнисот.

Османи пак рече дека состојбата е решена демократски, но не станувало за најлошата дефиниција на интереси.

Огнот заврши, но сега во Мала Речица на партиските позиции се огнените ветерани познати по стариот тежок и непријатен политички багаж, додека министри и функционери се младите сили на ДУИ. Реконструкција на министрите засега не е спомната, но тие ќе мора и партиски да одговараат пред надзорот на Муса Џафери, познат по улогата во приказната „каменот од блиску доаѓа“.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе