Вести Најважни Свет

Борел: Европа потфрли во прогнозите, сега ги трпи последиците

Европа ги трпи последиците од процесот во кој ги одвои изворите на својот просперитет од изворите на безбедност. Просперитетот го темелеше на евтина енергија од Русија и пристап до големиот кинески пазар, а за безбедноста се потпираше на САД, посочува високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел… Тој вели дека бил предупреден од Блинкен за нападот на Русија но вели дека Европа не ги сфатила сериозно ваквите најави од сојузниците со што покажала слабост во прогнозите.

– Се сеќавам кога државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ми се јави и ми рече: тоа ќе се случи овој викенд, и, два дена подоцна, во пет часот наутро, почнаа да го бомбардираат Киев. Не верувавме дека тоа ќе се случи и не предвидувавме дека Украина е подготвена да даде таков жесток и успешен отпор како што прави. Се разбира, благодарение на нашата воена поддршка, тоа ќе беше невозможно, но и тие придонесоа многу, Но, не предвидовме исто така дека Путин е подготвен за ескалација, кон ниво на масовна мобилизација и отворена нуклеарна закана, додава високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.

Борел посочува дека како последица на војната и во Украина Европа сега се соочува со една од најголемите енергетски кризи. Меѓувреме состојбата со цените на енергенсите дополнително се усложни со одлуката на ОПЕК + да го намали производството чекор што ги стимулираше цените на нафтата да пораснат и да се доближат повторно до границата од 100 долари за Барел. Путин чија земја е дел од картелот вели дека ваквиот чекор е легитимен во насока на нивно стабилизирање додека Западот го оцени како потег кој ќе и помогне на Русија да ја финансира војната во Украина.

– Јас го следам процесот, кога Домот и Сенатот ќе се состанат, тие ќе мора – ќе има некои последици за она што го направија со Русија, вели американскиот претседател Џо Бајден.

Според американскиот претседател Џо Бајден Путин се однесува брутално и направил голем број погрешни пресметки во војната во Украина… Америка најави дека во наредниот период ќе ја зголеми воената поддршка за Украина со цел земјата да ја одбрани својата територија од руската агресија.

– Мислам дека мислеше дека ќе биде пречекан со раширени раце, дека ова е домот на Мајка Русија во Киев и дека ќе биде пречекан, и мислам дека едноставно тотално погрешно пресметал, додава Бајден.

Украина доби ветување за голема помош и од земјите од групата седум најразвиени од каде посочија дека ќе бараат одговорност од Путин за последните ракетни напади врз цивилна инфраструктура.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе