Војната во Украина влезе во второто полугодие од годината, а сигнали дека наскоро може да заврши нема… Напротив ситуацијата на терен ескалира со новите руски ракетни напади врз голем број украински градови при што животот го загубија голем број цивили… Американскиот претседател Џо Бајден вели дека Путин се однесува брутално и дека направил голем број погрешни пресметки во војната во Украина…
Мислам дека мислеше дека ќе биде пречекан со раширени раце, дека ова е домот на Мајка Русија во Киев и дека ќе биде пречекан, и мислам дека едноставно тотално погрешно пресметал, истакна американскиот претседател Џо Бајден во денешното интервју за Си – Ен – Ен.
За Бајден заканите на Путин за користење тактичко нуклеарно оружје се ирационални и вели дека во вакви околности тој нема намера со него да седне на преговарачка маса. За Бајден неодговорно е лидерот на една од најголемите нуклеарни сили да се заканува со нуклеарна војна.
Тој, всушност, не може неказнето да продолжи да зборува за употреба на тактичко нуклеарно оружје како да е тоа рационална работа“. „Грешките се прават. И погрешната пресметка може да се случи, никој не може да биде сигурен што ќе се случи и може да заврши во Армагедон, вели Бајден.
Америка најави дека во наредниот период ќе ја зголеми воената поддршка за Украина со цел земјата да ја одбрани својата територија од руската агресија.
Најави за зголемена помош стигнаа и од земјите од групата седум најразвиени од каде посочија дека ќе бараат одговорност од Путин за последните ракетни напади врз цивилна инфраструктура.
Александар Петрески
