Вести Македонија Најважни

Максим Димитриевски под сопствен чадор покрај Ковачевски и Груби под заеднички-градоначалникот најави самостојно учество на парламентарни избори „кога и да се“

Дожд, чадори и спомен на најважната македонска револуција, додека балетската точка со млади партизанки кои боси и на мокро, со танцот одаваа почит на борбата и востанието на младите борци и антифашисти, двајца поранешни социјалдемократски соборци седеа блиску.

Но, разделени со Артан Груби кој го држеше заедничкиот чадор за двајцата највисоко позиционирани владини функционери. Премиерот Димитар Ковачевски и градоначалникот Максим Димитриевски, двајцата кумановци, во родниот град го одбележаа денот на востанието.

Но веќе се на различни страни откако самиот Димитриевски веќе формира уште едно граѓанско здружение, во вториот град херој Прилеп.

-Да, ние отпочнуваме со иницијативи за формирање на вакви граѓански здруженија по примерот на „За наше Куманово“, на кои основна цел ќе биде да работи од граѓаните и за граѓаните и нашата иницијатива ќе продолжи до конечна цел, формирање на едно граѓанско здружение кое ќе земе учество на следните парламентарни избори, вонредни или редовни, без разлика кога и да се, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Му претстојат две опции, приближување кон матичната СДСМ, што веќе е неверојатно, за разлика од веќе промовираната желба за опробување на републичката политичка сцена за која кумановскиот градоначалник прибира поддржувачи со критики за владино-државната политика со Бугарија.

-Како релативно млад човек и долгогодишен политичар сигурно мора да го продолжи својот политички пат и верувам дека нема да заврши неговата улога во македонската политика со завршување на неговиот мандат. Сметам дека Максим Димитриевски ќе продолжи по својот политички пат особено што многу ја критикуваше политичката на владеачката СДСМ во однос на поставувањето и благото нереагирање на провокациите кои доаѓаат од официјална Софија, но и со отварањето на бугарските клубови во Македонија. Значи, завзема сосема друга политичка траекторија во однос на официјалната политика на својата поранешна матична партија, изјави Благојче Атанасовски, политиколог и аналитичар.

Чадорот си го држеше сам, но под него самиот Димитриевски сака како што вели да ги собере  сите незадоволни и леви и десни, од сите националности и класи. Листата на членови се само шпекулација, Црвенковски го почитува, но не зборувал со него за поддршка, па ниту сака да му доделува квалификации откако беше прашан за ситрошеноста на материјалот на поранешниот претседател.

-За мене Црвенковски е чесен и достоинствен човек којшто ја водел и менаџирал оваа држава. А што се однесува на тоа доколку на некого покажеме со прст, првенствено треба да извадиме и докази. Многумина продефилираа последните 30 години на политичката сцена во државата. За некои има и потврда, има и судски разрешници, а тие денеска и не се тука. А за многу голем број само се шпекулира во јавноста и мислам дека не треба да се анатемизираме, одговори Димитриевски.

Некогаш партиски споени, денеска празнично вкрстени, на крај на церемонијата- патиштата на Димитриевски и Ковачевски повторно се разделија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје – нестабилно и во Полог и во Овче Поле

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе