Организацијата We global football веднаш по жрепката објави процена кои селекции преку квалификациите за Европското првенство ќе обезбедат настап во завршницата од континенталниот шампионат.
Поради квалитетот на противниците во групата на репрезентацијата на Македонија и се даваат 5,80% шанса да биде дел од селекциите кои ќе патуваат во Германија и се наоѓа на 35-тото место.
Очекувано најголем процент за успех им се дава на Италија и Англија со веројатност од 87.60% и 86,16%, а трета е Украина со 20,44%.
Далеку зад сите е Малта со никаква шанса за успех и нашиот четврти ривал во групата со 0% е во друштво со Андора, Гибралтар, Сан Марино и Лихтенштајн.
Според We global football најголеми шанси има Португалија 99,44%, Данска 99,32%, а меѓу првите пет се уште Швајцарија 98,52%, Србија 98,32% и Белгија 95,84%.
