win-win Вести Македонија Топ вести

Халили во „Win-Win“ на Телма: Европа доцна се разбуди и пропушти терен на Русија и на Кина

Поканите до шефовите на држави и влади за учество на првиот Самит на Европската политичка заедница во Прага е всушност иницијатива која е изнудена од кризата со војната во Украина, со недостатокот на енергенси и со сиромаштија на целокупното население, посочи поранешниот амбасадор Мухамед Халили во вечерашното гостување во емисијата „Win Win“ на Телма ТВ.

Идејата за Европска политичка заедница, според него, нема да биде промашена работа, туку ќе се развива.

„Ќе се воочат предностите и недостатоците, иако Европа доцна се разбуди и пропушти терен на Русија и, особено, на Кина. Од една асоцијација за јаглен и за челик, Европската унија денеска е друга асоцијација која е против јаглен, а за челик. Но, идејата за исфрлување на јагленот од употреба пропадна“, вели Халили.

На Самитот во Прага, на кој присуствува и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, учествуваа претставници од 44 држави, меѓу кои се членките на Европската Унија (ЕУ), земјите кои почнаа преговори за членство, како што е случај со нашата, држави со статис на кандидати, но и Велика Британија која излезе од Унијата.

„На тие земји кои не се членки им се дава шанса за рамноправно да разговараат, но рамноправното разговарање не значи и рамноправно одлучување. Не сметам дека тоа е лицемерие, но сметам дека земјите членки на Европската Унија, и особено оние кои раководат со политиките на Унијата, се наоѓаат во еден ќор-сокак“, смета Халили.

Според него, ниту земјите членки на ЕУ не размислувале дека ќе дојдат во ситуација да бидат на спротивна страна со земја која во Втората светска војна војувала против Хитлер и фашизмот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе