Вести Емисии Код Македонија

КОД: Кои три дена во годината најмногу се троши струја

Свети Никола е на 19-ти декември, но покрај на верското календарче е забележано и на енергетскиот календар- тој ден потрошувачка за еден час достигнува и пик, врвот на потрoшувачката за цела година па понекогаш се трошат и над 1.500 мегавати во само еден саат, за само 60 минути.

Славско-празничниот календар во зима често се поклопува со потрошувачката на енергија. Во три дена во годината во кои се троши најмногу струја се славите Свети Јован во јануари, Свети Никола и Нова година.

Огромни пикови, се грее, се готви, се седи до доцна, се слави, производтсвото не запира бидејќи се главно работни денови и се билда цифрата на струјомерите која се пресликува на сметките.

Последниот Свети Јован, верски празник на светец кој живеел пред два милениуми и кога не постоела струја, 20-ти јануари оваа година биле потрошени 26.372 мегават часови, за еден ден повеќе од 26 гигавати.

Дневното производство било за 31 % пониско од потрошувачката односно толку струја морало да биде купена од странство. Тогаш војната во Украина уште не беше почната.

А ланскиот Свети Јован пак биле уште помрсен, ако се гледа според потрошувачката на струја. Тогаш биле потрошени повеќе од 28 гигават часови, најмногу речиси исто по над 1350 мегавати во еден час, во периодот меѓу три и пет попладне.

Потрошувачката на струја е толку голема на 20-ти јануари 2021-ва и е за третина поголема од дневниот просек на потрошувачка за годината или пак тој ден се троши дупло повеќе струја отколку некои денови во јуни и јули кога потрошувачката е минимална.Лани според анализите на Регулаторната комисија за енергетика се потрошени 7.905, 45 гигават часови. И тоа е рекорд во националната потрошувачка. Поради тоа е постигнат уште еден рекорд, во увоз на струја односно секој трети потрошен киловат бил увезен.

Сега дупката во производството на домашната поефтина струја се пополнува со агресивно зголемена употреба на гас, мазут, јаглен во капацитетите за производство на струја.

Војната во Украина и санкциите за Русија по нивната агресија предизвикаа огромен проблем во снабдувањето со природен гас, кој во Македонија се користи покрај за струја и за греење на поголем дел на Скопје.

Миомир Серафиновиќ

Во КОД емитуван на 02.10.2022., како да се спречат негативните последици од загадувањето на воздухот од мазут кој се враќа на голема врата како средство за производство на енергија.

Над 20% од смртните случаи во Македонија во 2021-ва се поврзани или предизвикани од загадување на воздух.

Кои се лагите на власта, а кои на опозицијата поврзани со струјата, гасот и набавката на енергенси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе