Вести Македонија Најважни

Ахмети контра „огнената група“ – ДУИ може и без мене и без Меџити и Беџети

Вицепремиерот Артан Групи не се одзва на прозивките но затоа денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети отворено застана зад него откако кулмиринаше внатрепартиското незадоволство и т.н. „огнена група“ составена од високи државни и партиски функционери од Скопје и Гостивар отворено го критикуваа Груби за самоволие.

Партијата може без секого и по секое внатрешно превирање излегува посилна е ставот на Ахмети.

Ова е работи кои се прават само за дневни политики за кои што јас не мислам дека не може да се менаџираат и да се затворат.  Сум рекол дека ДУИ креираше стабилни структури кои може да функционираат и без Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери и без Изет Меџити.ПОвеќе пати сум рекол дека јас не сум функционер туку мисионер се додека земјата сеуште не е дел од Европската унија. Со зачленувањето во НАТО се исполни една од моите цели, но мојата мисија сеуште не е завршена и ќе ме „имате на врат“и следните четири години“, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Меѓу потписниците на вчерашното соопштение се и двајца пратеници но Ахмети смета дека тие нема да ризикуваат и да превземат радикални чекори.

Колумнистот и член на БЕСА, Агроn Шаќири на став дека случувањата во ДУИ се последица на нивното однесување и отсуството на слух за потребите и проблемите на Албанците кои не се членови на партијата.

Можам само да го повторам она што многупати го кажав во моите статии, дека ДУИ скапо ќе плати за својата флуктуација. Ќе се заглави помеѓу два антипода. Се однесуваше и се однесува речиси како да нема други албански политички субјекти во Северна Македонија и континуирано спречуваше да се слушне гласот на Албанците надвор од политичките партии. Мојот впечаток е дека оваа партија ги прави истите грешки што ги правеше и Комунистичката партија. За оваа партија примарна вредност на членот е сервилизмот“, смета колумнистот Агрон Шаќири.

Инаку судирот меѓу Меџити и Груби трае со години. Меџити даде оставка и од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ, за која партијата официјално соопшти дека е од лични причини.

Вчера, дваесетина истакнати членови на ДУИ, меѓу кои и двајца пратениците Меџити и Коџачику, заменик-министерот за одбрана Хасани и градоначалниците Ганиу и Беџети го обвинија вицепремиерот Груби дека ја води кадровската политика по личен избор и без консултаци, за арогантно однесување кое ги пасивизирало членстворо и граѓаните, отсуство на формирање на партиските тела како и за недавање отчет за сработеното во Владата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе