По дваесет години живот во Македонија, Валентин Ракип стана видлив за општеството.
Тој е роден на 18.03. 2002 година, ама правно се роди на 05.09. дваесет години подоцна, односно оваа 2022-ра.
Навистина е многу долго време да се чека толку за основни документи, вели Магдалена Чадиноска Кузманоски е социјален ментор од Паблик, која заедно со уште неколку организации и луѓе беше вклучена во овој процес кој траеше тринаесет години.
Поради тоа што е роден во домашни услови и заради грешка на родителите, Валентин останува ,,фантом,, цели 20 години.
Дваесет години има, а не знае која крвна група е, додава Магдалена.
Им реков на сите институции дека ,,не,, за одговор нема да прифатам.
Кога од една институција и рекле, ама знаете не пробувајте, знаете сите врати ви се затворени, Магдалена одговорила, во ред, ние ќе влеземе преку прозор. Приказната, Магдалена ја раскажа за „На лице место“ во Утринска на Телма.
Катерина Тодевска Спасиќ