Вести Економија Македонија Најважни

Намалувањето на сточниот фонд го потврдија и од Министерството за земјоделство

Предупредувањата на пелагониските млекопроизводители дека сточниот фонд драматично се намалува, што дополнително ќе ја влоши состојбата со млечната криза и недостигот на млеко, го потврдија и од Министерството за земјоделие. Според   нивна евиденција во 2021 регистрирано е намалување  од 5 проценти, а пак Државна статистика  за истата година  регистрираше намалување на бројот на  вкупниот добиток за 20 проценти. Од Земјоделие велат дека ја следат состојбата и веќе трета година работат на развојни програми.

  • Креирана е нова мерка за поддршка на сточарите за набавка на високо педигриран добиток, со која сточниот фонд е зголемен за нови 3.842 грла. За прв пат оваа година беше распишан повик за нова мерка во поддршка за изградба на мандри. Дополнително преку предложениот нов модел за субвенционирање предвидено 30% зголемување на субвенциите по грло за високо млечни крави,“ наведуваат од МЗШВ.

Производителите на млеко реагираат затоа што речиси две години не им се исплатени субвенциите за предаденото млеко и се во исклучително тешка состојба, па голем број до нив ги продаваат кравите.  Бараат покачување на откупната цена на млекото и исплата на државната помош.

  • Ние веќе раце креваме и пропаѓаме, нема ефект. Со таа цена на млекото  е катастрофа, Валер Усеиновски, сточар од Граешница.
  • Трошоци еден куп, а откупната цена на млекото е ниска. Субвенциите многу доцнат, ако ги земаме навреме можеби некако ќе се покриваме, ама не се редовни и ситуацијата  е многу опасна, вели Тони Петковски сточар од Велушина. 

Од Министерството за земјоделство пак велат дека до крајот на годината ќе бидат целосно исплатени сите заостанати обврски кон земјоделците,  за што се обезбедени пари со  ребалансот на Буџетот.  На млекопроизводителите исплатени им се субвенциите за првите два месеца од лани, а следи исплата за уште три месеци, велат од Министерството и додаваат дека предлагаат нов модел, со кој исплатата   на произведеното и предадено млеко ќе биде на  месечно ниво, без можност за создвање на долгови

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе