Вести Македонија

Ги нема зборовите „бугарски фашистички“ окупатор од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш

Градоначалникот на Чашка пријавил во полиција дека на спомен обележје над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп, со брусење е оштетен дел од текстот на плочата на споменикот. Полициски екипи упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Инцидентот бил пријавен во 16:45 иако на социјалните мрежи и претходно имаше објави за последиците.

Телма од Министерството за култура, под чија надлежност се наоѓаат меморијалните споменици и спомен обележја, но и од Влада, побара потврда на информација за бришење на зборовите од спомен плочата, кога се тие отстранети, но и под чија надлежност е грижата за споменикот и спомен плочата за Богомилскиот марш.

Од министерство за култура одговорија дека споменикот не е регистриран како заштитено културно наследство. Како споменично обележје за неговото одржување е надлежна Општина Чашка.

Инаку според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, предвидена е казна за кривично дело со парична казна или со затвор до три години за оној што ќе оштети или уништи меморијален споменик.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе