Вести Македонија Најважни

Кој стои зад црната „билборд“ кампања против опозицискиот лидер за милионската војна во град Скопје со Данела Арсовска?

136, многу нули, снопчиња евра, слика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со прашање од вокабуларот на Данела Арсовска, но без никаква ознака кој стои зад ова типична црна и валкана политичка пропаганда.

Билборди со ваква содржина се поставени на повеќе локации низ Скопје како ново продолжение во градската војна меѓу градоначалничката и нејзините до скоро подржувачи од ВМРО-ДПМНЕ со воајерски пристап на градската опозиција од СДСМ.

Во обид да дознаеме повеќе кој го поставил и со чии пари се плаќаат билбордите, го побаравме бројот на компанијата Акцент медиа.

Никој не одговори на повиците, а никој не врати ниту на прашањата поставени по електронска пошта. На веб сајтот на Акцент медиа стојат и условите за билборд рекламирање.

Услови за рекламирање на билборди на Акцент Медиа

Акцент Медиа нема да поставува постери на своите рекламни површини на кои се опишани негативни и/или провокативни и/или навредливи пораки кон други клиенти, лица или институции. Акцент Медиа го задржува правото да оцени дали пораката на постерот ги има горенаведените карактеристики.

Доколку станува збор за незаконско рекламирање или откаже негативна кампања, тогаш нарачателот треба да плати цела сума без никакви попусти, стои во правилата за билборд рекламирање на компанијата Акцент, но никаде на конкретните билборди не е наведен нарачателот на конкретниот продукт. Таква обврска е задолжителна и етичка, смета политикологот Петар Арсовски кој се надева дека надлежните ќе откријат кој стои зад овие реклами.

-Најлесно е во институциите кои истражуваат како ДКСК или например медиумите преку пристап до информации од јавен карактер да побараат информации од концесионерот кој ги држи под закуп билбордите. Треба да се знае дека во западна Европа или во САД мора да се идентификува нарачателот на сите па и на црните кампањи. Во САД дури и политичарот во чија корист е определена кампања мора физички односно аудио со глас да потврди дека се согласува со определена кампања, истакна Петар Арсовски, комуниколог.

Според него, ваквите кампањи со црна политичка содржина имаат резултат на зголемување на изборната гласачка апстиненција.

Сепак најголем проблем остануваат парите, во време на изборни кампањи партиите добиваат пари од буџетот за рекламирање и се почесто ги користат за црна кампања на противниците. Во моментот нема избори во најави иако има во желбите на главниот лик на билбордот што значи дека не се такви пари.

Ама од друга страна партиите и во неизборни години си добиваат пари од буџетот односно од граѓаните, па сега ќе треба да се види дали им служат и за овој начин на омаловажување на ривалите. Инаку ваквите валкани и ниски политички потези и досега биле применувани и тоа во сите насоки опозиција- власт, но ова е првпат нарачателот да се сокрие.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе