Вести Македонија Најважни

Дел од политичките партии бараат укинување на балансерот – статистичарите порачуваат дека политиките треба да се базираат на резидентното население

Без разлика дали се работи за вработувања за ученици или пациенти сите параметри и планови во државата треба да се прават врз основа на бројот на резидентното население кое живее тука во конкретни општини и региони а не во странство, смета поранешниот прв човек на статистика Дончо Герасмовски за балансерот кој во процентот за рамномерно вработување на администрација ја пресмета и дијаспората

Дијаспората се само попишуваше и тоа подолг период од 5 месеци.

Ова според Герасимовски се дел од причините поради кои не треба да се пресметува и нерезидентното население. Дополнително што таа бројка е нереална бидејки не се се евидентирани сите што живеат надвор од земјата. Тој повтори дека според сите меѓународни стандарди се попишува само резидентното население.

Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски, минатиот месец во изјава за Телма го оспори Балансерот на Министерството за информатичко општество, кое пресмета дека во секоја јавна институција една третина од вработените треба да бидат Албанци и рече дека официјален податок кој треба да се користи во балансерот за процентот на резидентното население е 24,3 отсто.

Според неговиот заменик Илми Селами, Заводот не е надлежен да се меша во тоа како ќе се користат податоците.

Но потенцира дека законодавецот кога го носел законот знаел кои се потребите на државата и затоа е донесен закон за попис и на резидентното и на нерезидентното население.

Реагираат и од Демократски сојуз.  Наместо вештачки да го зголемува процентот на Албанците во администрацијата, владата да го укине балансерот кој се покажа неправеден и манипулативен, велат од партијата на Павле Трајанов

„Етничкиот балансер ги дискриминира способните и квалификуваните кандидати за работа во државната администрација за сметка на нивната етничка припадност. На јавноста и се познати десетици примери на изигрување на балансерот. Мерит системот и квалитетот на кандидатите, а не нивната етничка или партиска припадност, треба да биде единствениот критериум за вработување во јавниот сектор“ – реагираат од ДС.

И ВМРО-ДПМНЕ смета дека балансерот треба да се напушти затоа што претставува сериозно нарушување на системот на квалитет.

На веб страната на балансерот се уште стојат проценти во кои покрај резидентното население е вкалкулирано и нерезидентното но оние кои одбија да се попишат па беа евидентирани од други бази на податоци.

Од владата најавија дека балансерот ќе се измени но ќе се одземе само процентот на последната категорија односно на административно попишаните. Оваа алатка е воведена во 2016-та, служи за  соодветна и правична застапеност на сите заедници во секоја институција од државниот и јавниот сектор.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе