Нови оставки од директорски позиции во Јавните претпријатија во Скопје.
Како причина за напуштањето на раководните позиции, директорите на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, на ЈСП Турс, Филип Василевски и на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје, Воислав Димитровски го наведуваат немањето координација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Претходните денови оставки дадоа и директорите на „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски и ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски откако беше разрешен в.д. директорот ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, Златко Перински.
