Uncategorized Вести Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ: Талат Џафери си ја додели улогата на уставен судија

„Талат Џафери противправно си ја додели улогата на уставен судија“, кажа на вечерашната прес- конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

Според неа, власта бега од соочување со народот затоа што знаат дека ќа има излезност на референдумот и знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата.

„Џафери е шампион во кршење на Уставот за што не постои друг пример во светот. Иницијативата за референдум е во согласност со членот 24 од Ззаконот за референдум и не е во спротивност на Уставот, а тој член дозволува распишување на рефендуми“, децидна е Стојаноска.

Таа потенцираше дека ова дополнително ќе ги заостри односите во собранието за што виновна ќе биде власта.

„Не се работи за менување на меѓународен договор, референдумското прашање е дали сте за престанок на важењето на договор со Бугарија“, рече на вечерашната прес- конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

Митревски: Не може со закон Собранието да прекине друг закон

Инаку, попладнево Претседателот на собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништувањее на договорот со Бугарија.

Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери пишува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународноте договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски приватно преку ПР агенција „Дашл груп“во Вашингтон но не ѝ на инаугурација

Дејан Дејан

Министерство за правда на САД: За спроведување на забраната за TикТок ќе биде потребно време

Дејан Дејан

Трамп се уште нема одлучено дали ќе го банира ТикTок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе