Вести Македонија Најважни

Митревски: Не може со закон Собранието да прекине друг закон

„Кога не избираат на јавни функции даваме заклетва за почитување на законите, за почитување на Уставот. Сите знаат дека овој референдум нема да успее, вака како што го зацртаа, Мицковски сака да се сокрие зад граѓаните. Не може со закон Собранието да прекине друг закон“, истакна вечерва на прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието кометирајќи ја одлуката на собранискиот спикер Талат Џафери за отфрлање на предлогот на референдум за договорот со Бугарија поднесен од ВМРО – ДПМНЕ.

„Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон. По сите консултации со Уставниот суд што ги имавме, ова е противуставно, односно спротивно на членот 118 од Уставот“, дециден е пратеникот на СДСМ.

Митрески рече дека Мицковски прави се за да ја заштити својата фотеља во Белиот дворец и групата околу него. Тој потенцираше дека ова е не е истото ВМРО – ДПМНЕ како она во 90-тите кога гласаа за државнички одлуки. „Иницијативата на Мицкоски е директно насочена кон попречување на патот кон ЕУ, против македонскиот јазик во ЕУ и против заштита на македонскиот идентитет, македонската посебност. Мицкоски e против и ЕУ и НАТО, сака да застанеме, да се вратиме назад во едно време на застој и изолација“, вели Митрески.

На крајот истакна дека оваа, како што рече игранка на Мицковски, граѓаните ќе ги чини осум милиони евра, ние тоа нема да го дозволиме.

Инаку попладнево Претседателот на собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништувањее на договорот со Бугарија.

Џафери ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум

Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери пишува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународноте договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

САД донираа ново мобилно опертивно возило за Црвен крст за справување со кризи

Дејан Дејан

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе