Вести Македонија Најважни

Уставниот суд е приватна фирма на Заев – обвини опозицијата по одбиените кандидати

Уставниот суд станува приватна фирма на Зоран Заев, обвини опозицијата откако сите нивни кандидати беа одбиени, а кандидатите на владејачкото мнозинство го поминуваат комисискиот филтер.

За Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, велат дека е втора желба на Заев, по Бозаџиева, која беше одобрена деновиве. Аргумент плус дека кандидатите се компромитирани, за нив е фактот што,  членовите на комисијата од власта влегуваат на седница само за гласање и воопшто не дискутираат, односно, како што велат, немаат волја ни да ги бранат кандидатите кои им се наметнати.

Опозицијата му забележува на Јовески за однесувањето во случајот на Русковска и Финансиската полиција, за непостапувањето кога член на Советот гласал за неговата внука, преземањето на предметите на СЈО врз основа на рачно напишано писмо од Катица Јанева кое никој не го видел, одолговлекувањето на случајот со модуларната болница и многу други. Презентираа и негативни мкислења од негови колеги. Со такви судии, велат, нема непристрасно, независно и фер судство.

Комисискиот филтер претходно денеска не го помина универзитетскиот професор Саво Климовски, кој беше предлог на опозицијата.  Комисијата даде поддршка за Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник и за граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер.

Се очекува веќе во среда, овие судии да добијат поддршка и на пленарна седница, по што судот, кој подолго време функционира без четворица судии, ќе биде комплетиран.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе