Вести Македонија Најважни

Државата одново тргна по експремиерот Никола Груевски, нова екстрадиција и за бегалците во Косово за случајот „Монструм“

Експремирот Никола Груевски има нови првостепни затворски казни, а на беглаците од правдата во Косово за процесот „Монструм“ минатата недела апелација им ги потврди доживотните затворкси казни и кривичнотот дело треророзам за убиствоот на четирите момчиња и рибарот кај смилковското езеро. Ова се аргументите на миниситерството за правда кое најави дека ќе испрати нови барања за екстрадиција за бегалците од правдата. Унгартсктие власти во 2019-тата го одбија барањето на Македонија за екстрадиција и на Груевски му доделија азил и привремен престој. За убијците во „Монструм“, Косово одби 2 барања за екстрадиција.

Експремиерот Никола Груевски да влезе во затвор и судница, а убијците од процесот „Монструм“ да лежат доживотно во затвор. Ова се долгогодишните барања на судските инстанци во земјава. И Унгарија и Косово неколкупати ги одбија барањата на министерството за правда. Сега оттаму најавуваат дека подготвуваат нови екстрадиции за бегалците од правдата. Се надеваат дека Косово ќе ја прифати екстрадицијата за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ бидејќи минатата недела апелациониот суд им ги птоврди доживотните робии и кривичнотот дело тероризам во повотрниот процес за свирепите убиства кај смилковското езеро. И кај Груевски има промени, односно нови првостепени пресуди со затворски казни.

  • Министерство за правда: „Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал.Состојбата со сите судски постапки внимателно се следи  а Министерството за правда ќе  постапи соодветно и ќе поднесе ново барање за екстрадиција,“ се наведува во соопштението на минситерството за правда

Откако Груевски тајно избега од земјава и се јави на осцијланите мрежи од Будимпешта, основниот суд во Скопје му изрече нови 9 години затвор за уривање на „Космос“, 7 годин изатвор за „плацевите на Водно“, а се чека негово присуство за да почне да му се суди и за организаторите за 27- април. Министерстовот за правда не најави екстрадициија за уште едно дуо бегалци, поранешни тајни агенти од УБК и осудени во предметот за масовното прислушкување и уништување на опремата „Таргет- Тврдина“.

  • Министерство за правда: „Барањето за екстрадиција на поранешните вработени во МВР Никола Бошковски и Горан Грујевски не е обновено но состојбата внимателно се следи и кога Министерството за правда ќе процени дека се создадени услови, ќе биде поднесено ново барање за екстрадиција. Во однос на тоа дали има одговор од грчките власти за нивна евентуална екстрадиција Ве информираме дека по второто барање од 18.01.2019 година за Горан Грујевски , односно 21.05.2019 година за Никола Бошкоски, добиен е одговор дека одлуката на Врховниот суд во Пагос со која се одбива екстрадицијата е ,,неотповиклива/правосилна”, објаснуваат од правда во одговорот за Телма.

За осудените во „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ  Косово одби две екстрадиции, во 2016-тата и 2019-тата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе