Вести Најважни Свет

Десет дена жалост во Британија, Кралицата ќе биде погребана покрај принцот Филип

Британија и светот се простуваат од Британската Кралицата со најдолг стаж Елизабета Втора откако вчера беше соопштено дека на 96 годишна возраст почина во замокот Балморал во Шкотска, а во земјата беше прогласена десет дневна жалост. Од 6 февруари 1952 година, Елизабета владееше над Британија која повторно се изгради од разорната војна. Во 1947 година, речиси пет години пред да стане кралица, 21-годишната Елизабета им вети на народот на Британија и на Комонвелтот дека „целиот свој живот, без разлика дали ќе биде долг или краток, ќе го посвети во служба на народот. Тоа беше ветување што таа го одржа повеќе од седум децении.

  • Таа беше буквално жена икона. Таа е такво наследство. Таа владееше повеќе од 70 години. Започна на толку млада возраст. Тоа навистина го крши срцето. Таа е таква жена- Амбер Тарнер.
  • Таа е единствената кралица што ја познавам, и таа беше константа во сè, се добро и лошо. Сепак таа беше основата на мојот животот, земјата- Џајлс Кадмор.
  • Мислам дека таа беше кралица не само на Британците, туку и на многу луѓе ширум светот. Кога ја спомнувате кралицата, сите знаат за кого зборувате. Да, малку е чудно. Сега само се прашувам што ќе се случува во наредните 10-12 дена. Тоа е многу посебен момент. Многу специјално- Арно Форчиоли, жител на Лондон од Франција.
  • Ова не беше неочекувано, но сепак многу тажно, само крај на една ера- Френсис Фарес – државјанин на САД.
  • Ја добив веста дека починала. Не можев да заспијам. Сакав да направам нешто, па дојдов овде од Камакура да изразам сочувство- Мај Лам – студент од Хонг Конг.

Елизабета Втора е родена во Лондон во 1926 година. Нејзиното целосно име е Елизабет Александра Мери. Нејзиниот татко бил британскиот крал Џорџ Шести, кој дошол на власт откако неговиот брат Едвард Осми абдицирал за да може да се ожени со Американката, Волис Симпсон. Таа и нејзината помлада сестра Маргарет биле одгледани од гувернанта и биле крстени во капелата на Бакингемската палата. Како дете го добила прекарот „Лилибет“ бидејќи не можела да го изговори своето име. Кралицата Елизабета Втора е мајка на четири деца – има три сина и една ќерка.

Влијанието на нејзината загуба ќе биде огромно и непредвидливо, како за нацијата, така и за монархијата, институција која таа помогна да се стабилизира и модернизира низ децениите на огромни општествени промени и семејни скандали. Принцот Чарлс за смртта на неговата мајка рече дека е загуба која ќе ја почувствува целата земја, кралството и Комонвелтот.

Новата британска премиерка, Лиз Трас, назначена од кралицата само 48 часа претходно, ја прогласи земјата за „уништена“ и ја нарече Елизабета „карпата на која е изградена модерна Британија“.

Во Канада, каде што британскиот монарх е шеф на државата, премиерот Џастин Трудо ја поздрави нејзината „мудрост, сочувство и топлина“. Во Индија, премиерот Нарендра Моди порача дека Елизабета втора го персонифицираше достоинството и пристојноста во јавниот живот.

Претседателот Џо Бајден ја нарече „државничка со неспоредливо достоинство и постојаност, која го продлабочи темелниот сојуз меѓу Обединетото Кралство и Соединетите држави“.

Реакции за смртта на Кралкицата има и во Русија. Во писмото до кралот Чарлс Трети рускиот патријарх напиша дека владеењето на неговата мајка е симбол на стабилност, континуитет и историски традиции „не само за нејзината татковина, туку и за европскиот континент како целина“. Жителите на Москва положуваат цвеќе пред амбасадата на Обединетото Кралство во руската престолнина за да изразат сочувство за нејзината смрт.

  • Тоа доаѓа од душата, искрено е. Националноста не е важна, тие се луѓе и ние сме луѓе пред се. Значи сето тоа не е важно. Оваа слика на баба, на добрина, е симбол на монархијата. Сочуствуваме со нив. Да се ​​надеваме дека ќе дојдеме до мир и дека нашите земји ќе најдат заеднички јазик- Анастасија Василеева – жител на Москва.
  • И покрај сè што се случува сега, кралицата и кралската куќа отсекогаш биле симбол за мир и добрина, особено откако кралицата доживеала толку многу во нејзиниот живот, мислам дека оваа личност секогаш ги поддржувала мирот и добрите односи- Антон Авраметс – жител на Москва.

Кралицата Елизабета Втора беше 40-тиот монарх на Англија по Вилијам Освојувачот. Нејзиното владеење, кое траеше 70 години, 7 месеци и 2 дена, беше најдолго од било кој британски монарх. За време на нејзиниот престој на тронот, Британија имаше 15 премиери, од Винстон Черчил до Лиз Трас. Во овој период, САД сменија 14 претседатели, а седум папи седнаа на Светата столица.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран ги откажа летовите од сите аеродроми од вечерва во 21 часот до изутрина во 6 часот

Дејан Дејан

Ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на гасот – српскиот премир Милош Вучевиќ утре гостин на Мицкоски

Дејан Дејан

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе