Вести Македонија Најважни

Владата со бајпас на општините ќе ги забрзува процедурите за поставување на фотоволтаици

Владата со бајпас на општините ќе се обиде да ја забрза процедурата за издавање на одобренија за поставување на фотоволтаици на станбените и деловните објекти. Измените на законот за градење кои денеска минаа на седница на Владата предвидуваат физичките и правните лица само да ги известуваат локалните власти дека ќе поставуваат фотоволтаици наместо како што беше досега, од нив да добиваат одобрение и решенија. Сепак останува да се доработи и делот со приклучување на мрежата, бавен процес кој е во надлежност на ЕВН а за кој е побарано решение.

Како и досега, максималниот капацитет на фотоволтаиците поставени на станбен објект е 6 киловати и 40 киловати за правен субјект. За станбените згради важи истата моќност која би се користела за заедничките простории.

Според новите измени, граѓаните и фирмите се должни да достават извод од централен регистар доколку станува збор за компнија или копја од лична карта доколку инвеститорот е физичко лице, имотен лист од објектот или писмена согласност од сопственикот на објектот на кој ќе се поставуваат фотоволтаици, основен проект за поставување на фотоволтаици, а доколку станува збор за станбена зграда согласност од мнозинството сопственици во зрадата.

Сепак останува отворено прашањето околу добивањето на приклучок, процедура на која имаат поплаки и граѓаните и фирмите. Бизнис заедницата веќе побара од Владата решение бидејќи неискористени стојат фотоволтаици со моќност од 45 мегавати коиу чекаат на приклучок. Според Бочварски проблемот е во ЕВН кои имаат бавна процедура и во моментот се одржуваат консултации со претставниците на фирмата за да се забрза целиот процес

Бочварски најави дека измените ќе бидат доставени до Собранието во наредните неколку дена. Тој очекува да бидат пред пратениците на гласање на првата седница и дека нема да има опструкции и ќе бидат изгласани.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Познатиот шпански шеф ЛУИС АРУФАТ подготвуваше шпански специјалитети со кочански ориз

Дејан Дејан

Косовски државјанин е уапсен на граница со поголема количина брендирана облека

Дејан Дејан

19 загинати во силниот земјотрес на Филипините, се урнаа згради и продавници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе