Вести Македонија Најважни

Историчарите предупредуваат на профашистичка капмања преку бугарските здружениja во Македонија

Профашистичка кампања со која Бугарија сака да прикаже дека Македонците се Бугари, вака историчарот Литовски ја коментира инвазијата на бугарски здруженија во Македонија со имиња на личности, длабоко поврзани со нацистичко фашистичка идеологија. Откако во Битола се отвори културниот клуб „Ванчо Михајлов“, следеше регистрација на здружение во Охрид со името на „Цар Борис Трети“, а сега во најава е уште едно во Богданци „Цар Фердинанд“. Но, Литовски вели дека оваа кампања Бугарија ја води во различни форми.

Преку овие здруженија, како и преку еден куп поратли со пробугарски ставови, како и агитацијата која ја вршат агенти на бугарските тајни служби, и таканаречни бугарски фондации, сите тие служат за ширење на профашистичка и национал шовинистичка кампања во која Македонките ќе се убедат дека не е се она што се туку нешто друго. Крајната цел е Бугарија да ги оствари своите Санстефански фикции од 19 век, вели проф. д-р Литовски.

Државата преку своите инструменти мора да ги спречи овие појави, кои се насочени против асномските темели на македонската држава, вели Литовски и додава дека ширењето на бугарска пропаганда потсетува на ситуацијата пред 100 години и според историската аналогија тоа не носи ништо добро.

Од историски аспект гледано последиците можат да бидат војна, страдања и поделба  на  Македонија, вели Литовски.

И покрај културниот предзнак кој сакаат да го прикажат овие здруженија, со имињата на контроверзни личности, негатори и асимилатори на македонскиот народ, јавноста во Македонија ги доживува исклучиво како провокација.

Единствен државен орган што досега поведе постапка е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која изврши увид во клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола по претставка за дискриминација по основ на национална и етничка припадност, поднесена од друго битолско граѓанско здружение.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Алкалоид со донација на Омепразол вредна над 200.000 евра за клиниката за детски болести и за детската болница Козле

Дејан Дејан

Немаат 10 гласачи за организација на гласање – ОИК Штип укина три гласачки места

Дејан Дејан

Пожарот над Селце ставен под контрола по пет дена беснеење

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе