Вести Македонија Најважни

Се испитува примерокот за мајмунски сипаници од сомнителен пациент

Во Институтот за јавно здравје во тек е испитувањето на примерокот земен од пациент од Кичево кој се води како сомнителен случај со мајмунски сипаници. Се очекува во текот на денот здравствените власти да информираат дали пациентот е заразен со мајмунски сипаници.

Доколку се потврди, тоа ќе биде првиот регистриран случај во земјава.

Во текот на вчерашниот ден до Институтот за јавно здравје беше доставен примерокот за тестирање.  Пациентот e од Кичево и тој пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунските сипаници.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски вчера изјави дека пациентот е во добра здравствена состојба.

Вчера, состанок одржа и Комисијата за заразни болести која препорача воведување на изолација во домашни или болнички услови за сите сомнителни и потврдени случаи и секојдневно епидемиолошко следење на лицата кои имале контакт со потврдени случаи.

Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден, соопштија од КЗБ.

Комисијата ја повтори и препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе