Вести Македонија Најважни

Матурантите денеска и во петок ќе полагаат државна матура во августовски испитен рок

Матурантите во учебната 2021/2022 година кои во јунската испитна сесија не ја положија државната матура или не во целост, двата екстерни испита во августовскиот испитен рок ќе ги полагаат денеска и во петок (12 август).

Првиот екстерен (задолжителен) испит е за мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература, а вториот екстерен испит е изборен од предметите: математика, странски јазик (англиски, француски, германски или руски јазик), естетика и филозофија.

Државниот испитен центар минатиот месец соопшти дека средната оценка од двата екстерни испита од полагањето во јуни е 3,78 и е повисока во однос на минатата учебна 2020/2021 година кога беше 3,61.

За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок беа пријавени 15 899  кандидати (7135 од гимназии,  8504 од стручни и 260 од уметнички училишта).

Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмета и проектна задача и по скратени испитни програми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј

Дејан Дејан

Претпладне сончево, попладне нестабилно – Временска прогноза за 25.5.2024

Дејан Дејан

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе