Вести Македонија Најважни

ДЗР: 17.000 работници останале без работа во пандемијата

205 милиони евра пари на граѓаните се слеале во компаниите кои добија финансиска помош во време на пандемијата. Мерките за спас, помпезно најавувано од владата – резултатите незадоволителни, говори извештајот на државните ревизори. 17 илјади работници останале без работа заклучно 2021-та, а  само една третина ги вратиле парите кои ги зеле како помош за исплати на минимални плати со обврска да ги вратат. Државата не само што загубила 23 милиони евра, туку и нема точни информации кој колку вратил, заклучуваат ревизорите. Причините за нефикасноста на државната помош сспоред Државниот завод е во остуството на добро планирање и остуство на теренска контрола.

Отсуството на пишани анализи и проценки при креирање на мерките за поддршка на вработувањето во процесот на одлучување, утврдените слабости и недоречености во уредбите со законска сила и донесените закони во кои се уредени условите, начинот и постапката за доделување влијаат врз ефикасноста на спроведувањето, следењето на реализацијата на мерките и зачувувањето на работните места. Нецелосните податоци за бројот на работодавачи кои ја исполниле/не ја исполниле обврската за враќање на финансиската поддршка во утврдените рокови и износ во Буџетот на РСМ има за ефект помалку вратени средства и остварување помали приходи во Буџетот на РСМ,“ се наведува во ревизорскиот извештај на ДЗР.

Губела државата, а губеле и работниците. Фирми се пријавувале за финансика помош во време на пандемија, а парите не ги трошеле наменски. УЈП ги пребројала фирмите, ревизорите констатариле пропусти.

Бројот на работодавачи кои не исплатиле плата до јануари 2022 година изнесува 135 за вкупно 435 вработени за износ на искористена поддршка од 6.317 илјади денари, што има за ефект ненаменско располагање со доделената финансиска поддршка,“ се наведува понатаму во извештајот на ДЗР.

Графиконот за загубени работни места е најцрната статистика во пандемискиот период. заклучни јануари 2021, плата дома не однеле 17 илјади вработени. 1770 работни места се затворени од деловни причини. Работодавците врачиле 1202 откази, не продолжиле над 7000 договори на определено, а над 6000 работници си дале отказ или се спогодиле да си заминат. Иако фирмите добиле финансиска помош за палти и придонеси и оправдани набавки инспекција влегла само еднаш и тоа кај секоја 200-та компанија, уште еден пропуст кој ревизорите го пронашле и напишале во извештајот за ревизијата со одговор на прашањето: „Дали мерките за финансиска поддршка на вработувањето и професиите погодени од здравствено-економската криза од Ковид-19 се ефикасно креирани, реализирани, контролирани, мониторирани и дали е обезбедено соодветно известување за ефектите од преземените мерки?“.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе