Вести Македонија Најважни

Доцни јавната набавка за учебниците за новата наставна програма

Три недели пред стартот на учебната година се уште не се комплетирани сите учебници од кои ќе учат првачињата, вторачињата, четвртачињата и петачињата, а за кои Бирото за развој на образованието ја смени целосно наставната програма. Од Министерството за образование за Телма потврдија дека одобрувањето на учебниците за овие четирите години од основното образование се уште не е завршено.

На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки  од рецензентските комиси и истите треба да претрпат одредени измени /дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, повторно ракописот со измените се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената“, се наведува во одговорот од Министерството за образование.

Од Министрството за евентуално пролонгирање на постапките за одобрување и по стартот на учебната година, наведуваат дека учениците ќе го совладуваат знаењето преку подготвени соодветни материјали, додека не ги добијат новите учебници.

Дополнително од Министерството денеска стигна и потврда наа информацијата која вчера ја објави Телма дека учениците од прво, второ, четврто и петто одделение учебната година ќе ја почнат, не само без учебниците кои се уште не одобрени, туку и без оние книги кои ги поминале филтрите за усогласеност со наставната програма бидејќи не е завршан постапката за јавна набавак за печатење на новите учебници.

„Во тек е и постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците“, стои во одговорот од МОН.

Иако од Министерството не наведуваат кога најрано учениците од овие четири образовни години би ги добиле новите учебници, според информациите на Телма тоа најрано би можело да се случи во октомври. До тогаш учениците, барем тие од четврто и петто одделение, како и за сите погорни одделенија ќе можат учебниците, како што информираат од МОН, да ги најдат на во електронска форма на порталот е-учебници.

Освен што новата учебна година ќе ја започнат без книги, второ одделенците, но и ученците од погорните одделенија можно е да се соочат и со проблем во совладување на наставниот материјал и поради недостиг на технички помагала, бидејќи Бирото за развој на образованието за предметот Општество за второ одделение, во подрачјата Дигитална писменост, Личен и социјален развој, Техника и технологија, наведено е дека ученикот ќе треба да знае и умее да процени кога и на кој начин за решавање на некоја задача или проблем, е потребно и ефективно користење на информатички комуникациски технологии. За наставниците пак да можат да ја спроведат програма ќе им биде потребни компјутер, проектор, дигитални уреди  како фотоапарат, телефон, телевизор, ЦД уред, но и сложувалки, логички плочки, игра „Не лути се човече“ и градинарски алат. Паметни смарт уреди се предвидени да им помогнат на петтоделенците пак да го совладаат предметот Историја и општество.

За опременоста на училиштата за совладување на наставната програма, од МОН наведуваат дека тие добиваат средства од Министерството преку блок дотациите кои им се префрлаат на општините од државниот буџет за реализирање на воспитно образовниот процес.

Тоа се средства коишто служат за нормално реализирање на воспитно образовниот процес и за тековното функционирање на училиштата. Дополнително, општините и училиштата можат да обезбедуваат и средства од други извори“, наведуваат од МОН

Инаку освен технички помагала за одредени предмети, училиштата за да ја спроведат програмата, на пример, по музичко образование, треба да имаат и специјализиран кабинет опремен, освен со основните помагала, и со детски ритмички инструменти како тапани во различни големини, тропалки, ритмички стапчиња, кастањети, гонг, чинели, ксилофон, триангл, а треба да имаат и ЦД и ДВД-уред, хај-фај уред, ТВ-приемник, компјутер со пристап до интернет, квалитетни звучници, ЛЦД-проектор, паметна (смарт) табла, интерактивна табла, но и пијано или друг музички темпериран инструмент.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Дејан Дејан

ЕУ ги додаде на „црната листа“ Гласот на Европа, РИА Новости, Известија и Росискаја газета

Дејан Дејан

ОН предупредуваат дека граѓанската војна во Судан е пред ескалација по една година судири

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе