Вести Култура

Независната културна сцена очекува да не бидат скратени средствата за нивните проекти по ребалансот на буџетот

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска јасно да ги застапува и штити интересите на поширокиот независен културен сектор. Ова е очекувањето на Асоцијацијата Јадро  која вклучува над 60 организации и поединци, по одржаниот состанок со министерката , во врска со најавата дека со ребалансот на буџетот поради економската, здравствената и енергетската криза, ќе се кратат средства од буџетот за проекти во културата. Во писмено соопштение до јавноста, од „Јадро“ велат дека од министерката добиле уверување дека ќе следува ново прекројување на буџетот , а парите наменети за независниот културен сектор ќе останат недопрени или најмалку скратени.

Таа спомена дека се во позиција да направат попаметен избор за тоа што е приоритетно да се финансира и ќе се обидат, како Министерство, повторно да разговараат со Синдикатот за култура на Македонија и со претставници на јавните установи во културата, за да се провери можноста за дополнителни солидарни кратења на одредени капитални инвестиции и програмски трошоци, по нивна препорака и избор, со цел заштита на корисниците од независниот културен сектор, велат од Асоцијацијата „јадро“.

На состанокот, од „ Јадро“, побарале потврда од министерката за нејзините заложби и ѝ посочиле дека за одобрените проекти имаат правна одговорност кон донаторите, партнерите и уметниците.  И ги отфрлиле паушални кратења на средина од годината, кога половина од сретствата им се веќе потрошени, чекајќи ги се задолжиле или инвестирале сопствени.

Против кратењето на буџетот за проекти од културата, реагираа во јавноста и од издавачката куќа Темплум, независниот театар Пи, но и филмските работници кои побараа измени на Законот за филм, од кои очекуваат неизвесноста да престане и да имаат стандардизиран буџет на годишно ниво.

Со ребалансот на буџетот ќе се кратат над 352 милиони денари, што е 34, 6 % од вкупно 1 милијарда и 48 милиони денари, предвидени за програмски сретства, велат од Министерството. Но , потенцираат дека се прават напори за независниот сектор да нема кратења.

Министерството за култура прави сериозни напори, на виталниот дел од секторот, како што се другите корисници да им обезбеди непречена реализација на проектите, имајќи предвид дека поголем дел од нив ја обезбедуваат и својата егзистенција преку својата програма, велат од министерството за култура.

На дневна основа се работи со националните установи и се разгледуваат можностите за нивна адаптација во ситуацијата, условена од ребалансот на буџетот, дополнуваат од ресорот Култура.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе