Повеќе од 1.000 пожарникари и 260 шумари, поддржани и од 130 припадници на словенската армија, со денови се борат со пожарот во Крас, во Словенија.
Во гасењето помагаат неколку хеликоптери на словенската армија, како и хеликоптери и авиони од Хрватска, Србија и Романија, а од страна на европскиот механизам за помош беа испратени и дополнителни два авиони Спартан, кои имаат носивост до 6.000 литри вода и еден Ц-130 Херкулес.
Министерот за одбрана Марјан Шарец, изјави дека напорите се фокусирани на ставање под контрола на пожарот, и ја пофали словенската контрола на летови, оценувајќи дека е голем предизвик да се координираат толку многу авиони на толку мал простор, за да се избегнат несреќи.
Во меѓувреме, нови пожари во меѓувреме избувнаа и во југозападниот дел на земјата, како и на Котел, јужно од Љубљана.
