Вести Култура

Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски

Ретроспективната изложба на еден од најголемите македонски уметници, Димитар Кондовски во Даут пашин амам и големиот интерес за неа е само уште една потврда  дека треба да се истрае во мисијата великаните на уметноста да бидат присутни во нашата меморија, вели Дита Старова Ќерими. Творечкиот опус на Кондовски е камен темелник врз кој се гради и се доградува македонската современа уметност.

Од отворањето каде што имавме многу посетеност, иако беше период постковид , како да ја отворивме сезоната на културата со оваа убава изложба. На самата изложба на отворањето беа преку 2000 луѓе. Со сигурност не можеме да кажеме една бројка, но сигурно се преку 70.000 луѓе кои ја посетиле оваа изложба. Не само оние кои влегуваат како туристи, туку и групните посети, посети организирани од училиштата, некои установи работат и во летниот период  кои се постојано посетители. Организираме и едукативни работилници, вели директорката Старова Ќерими.

Според кураторот на изложбата Емил Алексиев, Димитар Кондовски уметноста ја разбира како херменевтика, како откривање на шифрата на светот, како пронаоѓање на тајниот клуч на универзумот.

Тој исто така е и репер за сите нас уметниците како се истрајува во културата и како се промовира македонската култура и македонската уметност . Тој во исто време е еден од најактивните уметници со изложби надвор од нашата држава. Многу лесно ние знаеме да заборавиме дека сме имале големи дејци. Да бидеме почитувачи на нивните дела, бидејќи тие оставиле многу за нас. Тие оставиле едно сведоштво дека ние сме имале цврста македонска култура, вели директорката.

Делата на Димитар Кондовски ќе бидат изложени во Даут пашиниот амам до 30 август.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе