Полицијата и обвинителството се уште истражуваат дали од струен удар загинала младата 22-годишна кумановка.
Телото е предадено на обдукција кое треба да ги утврди точните причини за смртта на девојката. Во истрагата која ја води обвинителството, земени се изјави од сведоците на настанот.
Тие, според сознанија на Телма, рекле дека биле на моминска вечер, предбрачна прослава на која учествувале само жени во луксузен спа центар во хотел со 5 ѕвездички во Старата скопска Чаршија.
Девојката се бањала во базен и кога излегла, со рака го зела мобилниот кој што бил приклучен на полнач. Девојката паднала. Веднаш струјата поради спој се исклучила во целиот објект, по што вчера веднаш по полноќ била повикана полиција и итна помош. Констатирале смрт на девојката која дошла од Куманово на забавата.
Полицијата во соопштение објави дека трагичниот инцидент се случил во угостителски објект без потенцирање дека станува збор за елитен скопски хотел.
Истрагата проверува и како дошло до електричниот спој и од што е предизвикан.
Трагедија: 22-годишна девојка загина на забава на базен во Скопје