(фотографијата е илустрација)
Девојка од Куманово трагично настрада на приватна забава откако излегла од базен.
11 минути по полноќ во Полициската станица Бит Пазар е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Ќурчиска” починала Љ.С.(22) од кумановско.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и е констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.