Вести Македонија

Истрага за фиктивни истраги во финансиската полиција?

Дали во финасиската полиција се отворени голем број на предмети со анонимен пријавувач и како се затворени – ова се дел од одговорите кои треба да ги даде предистрагата на обвинителството за организиран криминал која пред неколку дена почна со претрес  во институцијата која треба да се бори со финански криминал, дознава Телма.

Според нашите извори, кривичната пријава од група граѓани по која постапува обвинителството за организиран криминал напишале дека финансиската полиција отворала фиктивни истраги од непостоечки пријавувачи против осомничени кои имале фирми.

Пријавите се заведувале како анонимни,а осомничените учествувале и морале да соработуваат во фиктивните истраги, кои подоцна биле затворани- се сомневањата на анонимната пријава до обвинителството за гонење организиран криминал.

Директорот на Управата за финасиската полиција Арафат Муареми не одговори на нашите повици и обидите да прашаме што се случува во институцијата што ја раководи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе