Вести Македонија

Камења и јајца кон собранието – протест 11 –ти ден, петмина приведени

Истото мото  „Ултиматум, не благодарам“, а 11 ти пат протест. Место собранието, причина седницата за францускиот предлог.

Последиците од фралњето со јајца, камења и тврди предметти, петмина приведени скопјани на возраст од 26 до 44 години.

Овој пат демонстрантите не маршираа, а како и до сега на социјалните мрежи се договорија револтот да го искажат уште пред собранието точно напладне. Причината е посетата и обраќањето на претседателката на европската комисија, Урсула Фор Де Лајен.

Престојот на гостинката од надвор беше проследен со свирежи, извици, но и коментари дека францускиот предлог не е добро решение за отпочнување на преговори.

81- та седница на чиј што деневен ред е Информацијата по содржината на предлог-преговарачката рамка прекина во 18 и 30.

Дел до граѓаните останаа пред собранието, во друштво на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Кога си заминаа и повеќето од граѓаните останаат најупорните но и највните транспаренти со наслови како „Македонци уште се борат за своите правдини“,  „Стоп за бугаризација“, а дел беа испишани и на англиски јазик. За прв пат на протестите не се обратија говорници, а терминот за протести и утре е во ист час.

Павле Бeловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

3 дена забрана за демонстрации во Амстердам

Дејан Дејан

Тренчевска во „Топ тема“: „Есенската кошничка“ е погрешна, бенефит добија трговците, граѓаните заштедија помалку од евро

Дејан Дејан

Дурмиши во „Топ тема“: Заштедата на едно семејство со есенската потрошувачка кошничка, според наши пресметки, е меѓу 1.200 и 1.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе